send link to app

BeCircular


4.2 ( 6832 ratings )
İş Üretkenlik
Geliştirici: Jove Pargovski
ücretsiz

Секој од нас има многу работи дома (алати, машини, опрема, покуќнина, превозни средства итн.). Најголем дел од тие работи ги користиме многу ретко. Сме потрошиле многу пари на нивното купување и ни зафаќаат многу место во домот. Сетете се колку пати во годината сте користеле дупчалка за отворање на дупки во ѕид (два, три, пет пати...) во Вашиот дом. Сетете се колку сте ја искористиле Вашата пила или косилка за работа низ дворот. Сетете се колку пати во годината сте го искористиле миксерот во кујната. Дали ви треба кошаркарска топка, ако играте пет пати во годината кошарка? Дали ви треба велосипед ако возите десет дена во годината?
Наместо да купувате работи кои ретко или никогаш нема да ги користите – изнајмите ги кога ви требаат. Сигурно ќе можете да изнајмите поквалитетни/ професионални работи за кои ќе потрошите многу малку пари и кои нема да ви зафаќаат место во домот.
Ако веќе имате работи во домот кои ретко ги користите – понудете ги на изнајмување, ќе остварите дополнителен приход со тоа.
Со размената/изнајмувањето на производи заштедувате и заработувате пари, помагате да се намали загадувањето на планетата заради помалата потреба од нови производи и да се намали загадувањето од отпадот во Вашата околина.